🎥 ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВАТА ЗГРАДА НА АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД Вицепремиерот Николоски објави видео

За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда, напиша вицепремиерот Александар Николоски на својот  профил на Фејсбук.

641

За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда, напиша вицепремиерот Александар Николоски на својот  профил на Фејсбук.

Тој објави видео од проeктот и од изгледот на новата зграда.






„Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250 метри квадратни, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2.000 м2 на двете нивоа“, напиша вицепремиерот Николоски.

Изградбата на новата зграда на аеродромот „Свети Апостол Павле денеска ја најави премиерот Христијан Мицкоски. Проектот ќе чини 2,7 милиони евра.

В

Мицкоски најави и реконструкција и адаптација со опремување на интензивна нега на градската болница „8 Септември“, за што се предвидени 12 милиони евра.

Поврзани содржини