ПОЧНА ПРИМЕНАТА НА „СЕЈФ СИТИ“ И ЗА СТРАНСКИТЕ ВОЗАЧИ По Табановце, записници за прекршок ќе се издаваат и на другите гранични премини

Од МВР појаснуваат дека зголемиот број возила кои денеска чекаа на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци.

0

Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.

Оттаму појаснуваат дека зголемиот број возила кои денеска чекаа на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци.






„На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка“, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи презема активности за непречено одвивање на постапката и за намалување на задржувањето на патниците.

„Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички“, посочува Министерството.

Од МВР потсетуваат дека „Безбеден град“ претставува значаен инструмент за унапредување на безбедноста во сообраќајот и зголемување на одговорноста кај сите учесници во сообраќајот.

Министерството наведе и дека продолжува со имплементацијата на системот, со цел неговата примена постепено да се прошири и на останатите гранични премини во државата.

ВОЗАЧИ ОД СТРАНСТВО ЧЕКААТ ДА ПЛАТАТ КАЗНА ОД „СЕЈФ СИТИ“ Редици на граничниот премин Табановце

Поврзани содржини