ВОЗАЧИ ОД СТРАНСТВО ЧЕКААТ ДА ПЛАТАТ КАЗНА ОД „СЕЈФ СИТИ“ Редици на граничниот премин Табановце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички.

1

На граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Сејф сити“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече  дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа.






Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.

 

Поврзани содржини