ГРЦИЈА МОЖЕ ДА РАСПОРЕДИ СИСТЕМИ „ПАТРИОТ“ НА КРИТ ЗА ДА ГО БРАНИ КИПАР Реакции по заканите од Иран за одмазнички напади врз Кипар и Бугарија

Извори од Министерството за одбрана на Грција велат дека меѓу сценаријата што се разгледуваат е и можноста грчкиот противракетен систем „Патриот“, што сега е на островот Карпатос, да биде преместена во воената база во Суда на Крит.

0

Република Кипар сите овие месеци превентивно презема зголемени мерки за безбедност, рекол надлежен извор за кипарската новинска агенција ЦНА, коментирајќи го текстот на „Фајненшл тајмс“, според кој Кипар е меѓу можните цели на Иран во случај на нов американски напад.

Истиот извор додал дека внимателно ги следат случувањата и посочил дека четири грчки авиони Ф-16, како и грчката фрегата „Никифорос Фокас“ се наоѓаат на Кипар.






„Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извора во Техеран, објави дека иранските сили ја разгледуваат можноста за напад врз американски воени цели во југоисточна Европа, како што се Бугарија и Кипар, како одговор во случај на нов напад од САД.

На почетокот на март годинава со дрон беше нападната британска возена база во близина на градот Лимасол на Кипар, по што Грција веднаш испрати помош, односно четири Ф-16 и една фрегата, кои остана на островот.

Извори од Министерството за одбрана на Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавиле дека меѓу сценаријата што се разгледуваат е и можноста, доколку биде потребно, грчкиот противракетен систем „Патриот“, што сега е на островот Карпатос, да биде преместена во воената база во Суда на Крит.

Истите извори, посочиле дека се разгледува и можноста Грција да ѝ помогне на Бугарија во зајакнувањето на нејзината противвоздушна и противбалистичка заштита, со обезбедување „Патриот“, во случај да биде упатено такво барање и доколку тоа биде одобрено од владиниот советот за национална безбедност.

БУГАРИЈА ЈА ЗАСИЛИ ЗАШТИТАТА ПО ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА ИРАН МОЖЕ ДА ЈА НАПАДНЕ БАЗАТА БЕЗМЕР Партијата на Борисов бара МНР да го викне иранскиот амбасадор за појаснување

Поврзани содржини