ЗА ПРАЗНИКОТ ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ЌЕ ИМА ПРЕВОЗ ДО МАНАСТИРОТ ВО МАТКА Посетителите ќе бидат преземани со минибус од Полициската станица

92

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.
Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот, информираа монахињите од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.






– Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост, Литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета! – посочија од сестринството.

Поврзани содржини