МАДОНА ГО ПРОСЛАВИ 68. РОДЕНДЕН НА КРФ Поп-кралицата прослави во традиционална таверна со грчка музика и кршење чинии
Поп-кралицата роденденот го помина во Грција, со партнерот и со своите деца, а фотографиите од прославата ги сподели на социјалните мрежи
Мадона на 16 август го прослави својот 68. роденден на грчкиот остров Крф, каде што помина дел од летниот одмор опкружена со семејството и блиските пријатели. За роденденот, пејачката организирала прослава во традиционална таверна во селото Курамадес, а фотографиите од прославата ги објави на Инстаграм.
На прославата со Мадона биле пет од нејзините шест деца – Лурдес Леон, Роко Ричи, Мерси Џејмс и близначките Стела и Естер. Со нив бил и нејзиниот партнер Аким Морис, како и пријатели и членови на нејзиниот тим. На роденденската забава не бил само нејзиниот син Дејвид Банда.
Вечерата била одржана во таверната Atzaro во Курамадес, мало село на Крф. Според извештаите од британскиот The Sun, Мадона и нејзиното друштво уживале во традиционална грчка храна, а за атмосферата се погрижиле музичари и детски хор кој, според локални извори, бил специјално донесен од Италија. По полноќ гостите танцувале на „Zorba the Greek“, а роденденската торта била изнесена додека присутните трипати ја пееле песната „Happy Birthday“. Забавата продолжила до околу два часот по полноќ.
Судејќи според фотографиите што ги објави самата Мадона, прославата била во препознатлив грчки стил, со танцување и кршење чинии. Пејачката сподели и фотографии на кои се гледа како ужива во друштвото на семејството, а покрај нив напиша: „It’s My Birthday! Eat, Pray, Love, Drink, Dance, Break plates, Feed Cats!! Thank you G*D!“ На фотографиите таа носи впечатлива златно-цветна тоалета со светкави детали и цветни апликации.
View this post on Instagram
Роденденската прослава била само дел од нејзиниот престој во Грција. Според извештаите, Мадона со семејството и блиските пријатели престојувала на Крф околу една недела, користела јахта за приватни излети, а во текот на престојот била и на Метеори, каде што се сретнала со свештеникот Бенедикт во манастирот Варлаам.