ТЕХЕРАН ФРЛА ОКО НА МЕТИ ВО БУГАРИЈА И ВО КИПАР Стигна одговор од НАТО за наводните закани

Бугарската база Безмер и Кипар се споменуваат во проценките за можна одмазда при нова ескалација. Ирански извори предупредуваат дека конфликтот би можел директно да се прелее во Европа, тврди Фајненшл Тајмс.

14

Бугарија и Кипар се двете европски земји што се појавуваат во иранските проценки за можни напади. Техеран разгледува удари врз американски и сојузнички воени цели ако Вашингтон дополнително го прошири конфликтот, објави „Фајненшл тајмс“.

По најавите портпаролот на НАТО  и официјално даде изјава дека Алијансата е подготвена да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки.






„Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон Турција од Иран“.

Базата Безмер во фокусот

Во текстот на „Фајненшл Тајмс“ се споменува базата Безмер во Бугарија. Според текстот, Софија минатиот месец дозволила базата да ја користат американски авиони-танкери. Двајца извори блиски до иранскиот режим тврдат дека вооружените сили веќе ги процениле можностите во југоисточна Европа.

Вториот правец води кон Кипар, каде што Велика Британија има воени бази.

Еден од изворите ја вброил и островската земја меѓу потенцијалните цели за одмазда. Британската база Акротири беше погодена со беспилотно летало во март. Западни претставници веруваат дека зад нападот стоеле групи под иранска контрола.

„Европа е мета, но опасноста е ограничена“

Сидхарт Каушал од британскиот институт РУСИ ја оценил ракетната опасност за Европа како „реална, но ограничена“. Според него, иранските ракети со среден дострел тешко би предизвикале голема штета на поголеми растојанија.

Заканите се врзани со следниот потег на Вашингтон. Изворите тврдат дека Техеран подготвува поширок одговор ако Доналд Трамп ги реализира заканите за уништување иранска инфраструктура.

Американскиот претседател претходно најавил одговор за секој нападнат брод во Ормускиот Теснец. Како можни цели спомена ирански мостови и електрани.

Иранската револуционерна гарда претходно испрати слична закана и до Велика Британија.

„Секоја база од која ќе се изврши напад врз иранска територија ќе се смета за легитимна цел“.

Фото: Креирана илустрација

Ако САД одат предалеку, Иран ќе се брани по секоја цена

Техеран, според изворите, не размислува само за ракети. Иранските сили разработиле и можност за саботирање подводни оптички кабли во Ормутскиот Теснец.

Еден од соговорниците на „Фајненшл тајмс“ бил особено директен.

– Ако САД одат предалеку, Иран ќе се брани по секоја цена, ќе го напушти регионот и ќе ја погоди и Европа – рекол изворот.

Иран веќе покажа способност да напаѓа на големи растојанија. Вашингтон годинава го обвини Техеран дека испукал ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот Океан, оддалечена околу 4.000 километри. Ниту една не ја погоди целта, туку паднаа во морето.

Турција во март соопшти дека воздушната одбрана на НАТО пресретнала неколку ирански балистички ракети.

Друг извор ја опишал опасноста за Европа уште поотворено.

– Тоа беше и порака до Европа, и таа може да прима ракети, па затоа треба внимателно да размисли каде се наоѓа во оваа војна. Голема грешка, како напад врз нашата инфраструктура, би можела да ја прелее војната од регионот директно во Европа.

Мали боеви глави за мали штети?

Воените експерти предупредуваат дека дострелот не значи и еднаква разорна моќ. За напад врз подалечни цели, Иран би морал да ја намали тежината на боевите глави на дел од ракетите.

Даглас Бари од Меѓународниот институт за стратешки студии посочил дека Техеран располага со оружје со дострел поголем од 2.000 километри. Отворено останува прашањето колку такви ракети има и колку се прецизни на крајниот дострел.

Експертите затоа гледаат поголема опасност во дејствувањето преку проирански групи во Ирак, Либан и во Јемен.

Тврдата линија во Техеран, пак, смета дека на Вашингтон не може да му се верува. Напнатоста ја доловил уште еден извор на „Фајненшл тајмс“.

– Немојте да се лутите, бидејќи ние сме полуди и полути од вас – рекол тој.

Поврзани содржини