ФФМ ЈА ПОВЛЕЧЕ ПОДДРШКАТА ЗА ИНФАНТИНО Застана зад федерациите кои се залагаат за заштита на фудбалот

Инфантино се соочува со притисок да ја напушти функцијата, откако предложи продажба на дел од комерцијалните и медиумските права на ФИФА на приватна компанија. 

168

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за периодот 2027–2031 година.

За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување.






– Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со националните федерации. ФФМ смета дека довербата, отчетноста и отворениот дијалог мора да бидат темел на управувањето со светскиот фудбал. Најдобрите интереси на фудбалот и неговиот развој, секогаш мора да бидат на прво место. Како членка на УЕФА, ФФМ останува цврсто посветена на заедничките принципи и вредности на европскиот фудбал и ќе продолжи да стои заедно со сите национални федерации кои се залагаат за заштита, развој и унапредување на фудбалот – се наведува во соопштението на ФФМ.

Инфантино се соочува со притисок да ја напушти функцијата, откако предложи продажба на дел од комерцијалните и медиумските права на ФИФА на приватна компанија.

Поврзани содржини