Инфлацијата во Европската Унија малку се забрза на 3% во јули, враќајќи се на патот на раст по краткиот застој во јуни кога изнесуваше 2,9%.Годишната стапка на инфлација во еврозоната пак изнесува 2,9%, покажуваат податоците од Европскиот завод за статистика.
Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Шведска (0,3%), Чешка (1,3%), Данска и Унгарија (и двете 1,6%).
На спротивната страна, се Романија со инфлација од 8,2%, Литванија (5,4%), Кипар и Бугарија (и двете 4,4%).
Во споредба со јуни 2026 година, годишната инфлација се намали во петнаесет земји-членки, остана стабилна во три и се зголеми во девет.
За растот на инфлацијата заслужни се услугите кои поскапеле за 1,55%, енергијата за 0,94%, неенергетските индустриски стоки за 0,23% додека храната, алкохолот и тутунот со раст на цените од 0,23%.