ЛАВРОВ ПАТУВА ВО ТУРЦИЈА Ќе се разговара за придонесот на Анкара за завршување на војната во Украина

Турција, членка на НАТО, која беше домаќин на првите разговори меѓу Русија и Украина веднаш по почетокот на војната во 2022 година, е подготвена повторно да преземе таква улога во наредниот период, рекол изворот.

343

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре ќе ја посети Турција за да разговара за неговата неодамнешна средба со американската делегација за ставање крај на војната во Украина, како и за придонесот што Анкара може да го даде во тој процес, изјави денеска неименуван функционер од турското Министерство за надворешни работи.

Турција, членка на НАТО, која беше домаќин на првите разговори меѓу Русија и Украина веднаш по почетокот на војната во 2022 година, е подготвена повторно да преземе таква улога во наредниот период, рекол изворот.






Посетата на Лавров се совпаѓа со тригодишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Поврзани содржини