УМРЕА 124 ЛУЃЕ ВО ТУРЦИЈА ОД ПИЕЊЕ НЕЛЕГАЛНО ПРОИЗВЕДЕН АЛКОХОЛ Кој е отровот што ги убил?

Околу 54 лица загинале во главниот град на Турција, Анкара, каде што уште 40 лица се бореле за живот во болница. Претходно овој месец, новинската агенција Анадолу соопшти дека 70 други умреле во Истанбул.

452

Најмалку 124 луѓе починале во Анкара и во Истанбул, во изминатите 6 недели, откако пиеле алкохол, произведен во дестилерии без дозвола за употреба, а уште десетици се на интензивна нега, објави во понеделникот државната новинска агенција Анадолу, пренесе Си-Би-Ес њуз.

Околу 54 лица загинаа во главниот град Анкара каде уште 40 се бореа за живот во болница, се вели во соопштението.






Претходно овој месец, Анадолу соопшти дека 70 други загинале во Истанбул.

Ваквите труења се релативно чести во Турција каде што тајното производство е широко распространето, а алкохолот честопати е извалкан со метанол, токсична супстанција која може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Метанолот честопати се користи во нелегално произведени производи наместо етанол бидејќи е поевтин, според студијата која го разгледа нелегално произведениот алкохол во јужна Турција што може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Поврзани содржини