ЗАПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА НОВИ ДРЖАВНИ СТАНОВИ ПО ЦЕНА ОД 1.000 ЕВРА КВАДРАТ Може да се аплицира за купување на 65 станови во Битола

Огласот е отворен од денеска до трети март.

6,864

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор објави оглас за комерцијална продажба на станови, гаражен простори паркинг места во Битола.

Аплицирањето на огласот започнува од денеска и ќе трае до 3 март. На огласот можат да аплицираат домашни и странски правни и физички лица, а продажбата ќе се изврши по усно позитивно јавно наддавање.






Станува збор за 65 станови со паркинг места и 6 паркинг места со почетна цена од 1.000 евра квадрат без ДДВ. Становите се со површина од 38,25 до 72,75 квадратни метри.

Паркинг местото кое се продава заедно со станот е со фиксна цена, без ДДВ, и наддавањето се врши само за единечна цена на станот по м2  без ДДВ. Износ на ДДВ за станот и паркинг место кои се продаваат заедно е 5%.

Почетната цена за паркинг местата кои не се поврзани со становите е 500 евра квадратен метар без ДДВ. за овие паркинзи новите сопственици на излицитираната цена ќе платат ДДВ, во износ 18% и Данок на промет на недвижноста.

Зградата која е петкатница почна да се гради лани во ноември со рок на завршување  20 месеци. Зградата има површина од 3.900 квадратни метри.

 

 

Поврзани содржини