Документарно-играната серија „Цеца шоу“ прикажува многу детали од животот на Цеца Ражнатовиќ и од секојдневието на нејзиното семејство.
Јавноста има можност да види многу сочни детали одивотот на популарната српска пејачка, па дури беше сведок и на тоа кога Цеца се бакнува со непознат за јавноста маж.
Во една од епизодите фолк дивата покажа како нејзиното семејство ги поминува празниците, а потоа јавноста ја виде како приредува забава за нејзиниот внук Жељко. Во еден момент и самата Цеца беше дел од настапот што го приредија магионичарите Пикси и Зека, па случајно пристигна новогодишен „бакнеж“ додека изведуваше трик со карти.
Но, најмистериозен е бакнежот кој Цеца му го подари на непознат маж, затоа што досега во јавноста позната беше само сцената од бакнежот од забава на нејзиниот голем пријател Саша Поповиќ, за време на снимањето на една од епизодите на „Ѕвездите на Гранд“.