📽 ИЗВЛЕЧЕНО Е ЖЕНСКО ТЕЛО ОД ВАРДАР ВО НАСЕЛБА АЕРОДРОМ Полицијата врши увид на местото на настанот

На локацијата во скопски Аеродром присутни се екипи на полицијата и јавен обвинител.

814

Безживотно тело  денеска беше извлечено од водите на реката Вардар во Скопје, објави порталот 24 инфо.

На локацијата во скопски Аеродром присутни се екипи на полицијата и јавен обвинител.






„Денеска, на 28 јануари 2025 година, околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, известуваат од МВР за Плусинфо.

Поврзани содржини