📷 📽️ ПРОТЕСТОТ „НЕМАМ ВОЗДУХ“ ДОБИ МАСОВНА ПОДДРШКА Реки луѓе го изразија незадоволството за железничката несреќа кај Темпи
Во железничката несреќа животот го загубија 57 лица, а според извештајот на експертот Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што резултирала со недостаток на кислород.
„Немам кислород“ е слоганот под кој денеска, точно напладне започна во речиси сите помали и поголеми градови во цела Грција, но и во градови во странство започнаа протестите поради железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари 2023 година, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, јави дописничката на МИА од Атина.
Во железничката несреќа животот го загубија 57 лица, а според извештајот на експертот Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што резултирала со недостаток на кислород.
Δεν το έχω ξαναδεί αυτό! H κορυφή στον Βαρδάρη (πλατεία Δημοκρατίας), ουρά στη Θεολογική. Μια από τις μεγαλύτερες συγκεντρώσεις των τελευταίων δεκαετιών στη Θεσσαλονίκη #τεμπη_εγκλημα #Δεν_Εχω_Οξυγονο #Τεμπη pic.twitter.com/WokoFsWzDd
— Stavros Sountoulidis (@sts71) January 26, 2025
Паралелно беше објавен аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, што беше и причина протестите да бидат под конкретниот слоган со цел семејствата на загинатите да побараат правда и „независно судство за сите“.
Аудиоснимките се од последните моменти на патниците од возот и според експертите, докажуваат дека дел од жртвите не загинале во сударот, туку од експлозијата што следела.
Во објавениот телефонски повик до 112, што е автоматски воспоставен откако мобилниот телефон препознал несреќа, се слуша женски глас што бара помош, вели „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крајот завршува со зборовите „Ќе умреме … Марти, те сакам“, што според медиумите во Грција, се упатени до нејзината 20-годишна пријателка што не ја преживеа несреќата.
#Βολος #Τεμπη #Δεν_Εχουμε_Οξυγονο pic.twitter.com/dsdKH74WD9
— slow runner (@antoniouin) January 26, 2025
Мајката на загинатата Марти, Мариа Каристиану, која е претседателка на Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ говорејќи за грчките медиуми посочи дека објавувањето на аудиозаписите „е начин да се изврши притисок врз истражителот да си ја заврши работата бидејќи ги знае овие работи“.
– Кога дознав дека моето дете умре, првото нешто што ми беше важно беше дали почувствува нешто или сè се случи пребрзо. Ова е важно мајката да го знае. Сите ни кажаа дека веднаш загина, а потоа дознавме дека 30 луѓе изгореле живи. Три минути нашите деца чекаа да умрат. Правдата ќе биде задоволена за овој криминал, на еден или на друг начин – посочи Каристиану за грчката телевизија „Мега“.
Δεν το έχει ξαναδεί αυτό η Θεσσαλονίκη. #Τεμπη_συγκαλυψη #Τεμπη_δικαιωση #Τεμπη #τεμπη_έγκλημα pic.twitter.com/6XwFFb06Zt
— Stefanos Damianidis (@dstefanos) January 26, 2025
Протестот е организиран од Здружението на роднините на жртвите во несреќата „Темпи 2023“, а поддршка изразија од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Комунистичката партија и Нова левица, од синдикатот на вработени во јавниот сектор, од низа здруженија, како и од навивачки и анархистички групи.
Здружението на роднините на жртвите преку протестот бара веднаш да се спроведе истрага „за експлозијата на нелегалниот хемиски товар“ во товарниот вагон и „за пожарот во кој живи изгореа нашите најблиски“, како и кандидатот за претседател и до неодамна собраниски спикер Константинос Тасулас „да даде објаснувања пред неговата инаугурација на највисоката функција за закопувањето на предметите за Темпи во фиоките на Парламентот“.
Grèce : Des milliers de personnes réclament la vérité sur le drame de Tempi à Athènes !#Τεμπη_συγκαλυψη #Τεμπη_δικαιωση #τεμπη_έγκλημα #Δεν_Εχω_Οξυγονο #Τεμπη pic.twitter.com/VbmaRqHGOf
— Alexis🇨🇵🇵🇸 (@_Citoyen_Alexis) January 26, 2025
Железничката несреќа се случи кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во близина на месноста Темпи во централна Грција при директен судир на товарен и патнички воз кои се движеле на иста шина, а животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот дел студенти.
Пред крајот на протестот непознати маскирани лица предизвикаа нередиво центарот на Атина, на плоштадот Синтагма, кога фрлаа камења и молотови коктели кон полицијата, која потоа одговори со солзавец.
Група од околу 50 луѓе со качулки на главите се отцепиле и се упатиле кон полициските кордони на улицата Филелинон, а потоа ги нападнале.
Полициските сили ги оттурнаа, а поединци се упатија кон улиците Стадио и Пропилаја, повторно извршувајќи последователни напади, според Прототема.
Досега се уапсени 13 лица, а четворица полицајци се повредени.