НЕКОЈ ГИ САБОТИРА АВТОБУСИТЕ? Директорот на ЈСП имал одредени сознанија

Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно од разни нему познати причини може да придонесува за неколку пати да се случуваат вакви работи, изјави директорот на ЈСП, Драги Кушовски.

524

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе испитува дали некој ги саботира нивните автобуси откако денеска изгоре еден од украинските автобуси во скопската населба Сопиште.

Во изјава за Телма, директорот на Јавното претпријатие Драги Кушовски вели веќе имаат одредени сознанија.






– Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно од разни нему познати причини може да придонесува за неколку пати да се случуваат вакви работи – изјави Кушовски.

Ова трет случај во последните шест месеци. Во јули минатата година автобус на ЈСП се запали во Бутел. Тогаш причината беше електричната инсталација. Истиот месец, претходно, автобус од пожар настрада и на Железничката станица.

📷 УЖАС ВО СОПИШТЕ Гори автобус на ЈСП

Поврзани содржини