ИНЦИДЕНТ ВО БЕЛГРАД Полицијата спречи Хрватка насилно да влезе во зградата на српското претседателство

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека тоа се случило околу 10 часот и оти жената им се заканувала и ги навредувала полицајците, Србија и функционерите.

586

Припадниците на полицијата денеска спречија хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на Претседателството на Србија во Белград.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека тоа се случило околу 10 часот и оти жената им се заканувала и ги навредувала полицајците, Србија и функционерите.






– Таа е донесена во службените простории на Полициската станица Стари Град и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава во соработка со надлежното обвинителство – наведе Дачиќ.

Поврзани содржини