АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ТОЛПА ЛУЃЕ, ПОЛИЦИЈАТА ОТВОРИ ОГАН Повеќе повредени во инцидент во Долна Саксонија

Осомничените очигледно намерно ги таргетирале луѓето од групата, а не по случаен избор, смммета полицијата.

0

Полицијата во северна Германија отвори оган врз автомобил откако удрил во група луѓе, соопшти портпаролката на полицијата.

Како што пренесе ДПА, четири или пет лица се повредени, од кои некои потешко, и се пренесени во болница, но никој не е во животозагрозувачка состојба. Инцидентот се случил доцна синоќа во Нојштад ам Рубенберге, северозападно од Хановер, во германската сојузна држава Долна Саксонија.






Околностите за настанот засега се неразјаснети. Осомничените, чиј број исто така засега не е познат, побегнале пеш, оставајќи го автомобилот зад себе. Потрагата по нив прво била неуспешна, соопшти портпаролката. Известувач на ДПА јави за неколку оштетени автомобили, со издупчени гуми, искршено задно стакло и дупки од куршуми.

Првичните истраги укажуваат дека вмешаните лица се познавале меѓусебно. Осомничените очигледно намерно ги таргетирале луѓето од групата, а не по случаен избор, изјави портпаролката.

Полициски службеници кои вршеле рутинска сообраќајна контрола во близина забележале што се случува малку пред полноќ и пукале во возилото во обид да го запрат.

Во операцијата биле вклучени бројни полициски службеници и хеликоптер.

Поврзани содржини