АФЕРАТА „МАЗНИКГЕЈТ“ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА Опозициски медиуми откриваат шокантен скандал во бурекчилница во Битола

Поттикнати од несекојдневна приказна на порталот СДК за местење на парето за Василица, опозициски портали откриваат голема афера која веќе доби и име - Мазникгејт.

12,877

Повикувајќи се на сторија на порталот СДК, опозицискиот портал Рацин пишува дека е откриена шема во која бурекчилница во Битола за верскиот празник Василица измамила поголем број битолчани кои учествувале на традиционалното вртење мазник со паре, со тоа што на купувачите кои кај нив порачале мазник им открила каде се наоѓа среќната паричка.

Аферата веќе доби и име: „Мазникгејт“.






Битолчанецот Зоран Ристевски во разговор за СДК раскажува дека останал зачуден кога порачал 24 мазници за Василица, а вработениот во бурекчилницата го прашал дали сака да му открие во кое мазниче се наоѓа паричката.

Како што вели Ристевски, тој лично одбил да ја добие информацијата, но затоа, пак, многу луѓе кои чекале во редот зад него со задоволство ја прифатиле понудата.

Инаку, народот верува дека оној кому ќе му се падне парето за Василица ќе го прати среќа цела години, а постои и обичај сите кои учествуваат да дадат пари кои завршуваат кај среќниот добитник. Во некои друштва од учесник се даваат од 100 до 500 денари. Ако се соберат 10 лица кои вртат мазник, се собираат и по 5.000 денари за среќниот добитник на парето.

Овој скандал секако не помина без политички препукувања на социјалните мрежи. Граѓани, симпатизери на опозицијата, обвинуваат дека ова е уште еден пример за „моралниот пад“ на власта.

„Ги изневеривте битолчани, а сега и среќата им ја продавате! Каде е правдата?“, гласат дел од коментарите на социјалните мержи.

Се бара одговорност и од премиерот, кој, како што може да се прочита во коментарите, мора да се произнесе дали ќе дозволи „среќата на народот“ да се претвори во приватен бизнис.

И додека „Мазникгејт“ станува национална тема, битолчани сериозно бараат истрага за скандалот. Дали ќе има оставки? Дали бурекчијата ќе биде „испечен“ од јавниот срам?

Очекуваме СДСМ да излезе со официјален став.

Поврзани содржини