БАНДА ОД МАКЕДОНИЈА „ОПЕРИРАЛА“ НИЗ ХРВАТСКА За неколку месеци биле ограбени 16 станови

Дел од украдените предмети се пронајдени во кривичната истрага, како и специјалното средство за кражба со кое се извршувале делата.

838

По завршена кривична истрага од страна на хрватската полиција, тројца државјани на Македонија се обвинети за сторени 16 кривични дела тешка кражба, пренесуваат хрватските медиуми.

Станува збор за мажи на возраст од 37, 42 и 50 години, за кои истрагата утврдила дека во текот на изминатата година, од март до крајот на септември, во 16 наврати упаднале во станови во областа Ријека, од кои краделе накит, пари и други предмети, при што ги оштетиле хрватските државјани за најмалку 97.000 илјади евра.






Дел од украдените предмети се пронајдени во кривичната истрага, како и специјалното средство за кражба со кое се извршувале делата.

Истрагата открила и дека во август извршиле две слични кривични дела во областа Макарска во Сплитско-далматинската жупанија, но и во областа Загреб во октомври, кога биле уапсени од полициски службеници од Полициската управа во Загреб.

По извршената кривична истрага, тројцата осомничени со кривична пријава до надлежното државно правобранителство, поради основано сомнение за сторени горенаведените кривични дела, се предадени на надзорникот на притворот.

Поврзани содржини