(ОБНОВЕНО)📽 8 ЛИЦА ЗАГИНАА, А НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО TEШКАТА НЕСРЕЌА ВО НОВИ САД Се сруши дел од Железничката станица
На самото место пристигнаа два багери за да ги откопаат урнатините, додека седум екипи на брзата помош и три противпожарни возила се на терен.
Осум лица загинаа во уривање на влезната натстрешница на Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Повеќе од 30 лица се повредени, јавија локалните медиуми. Несреќата се случи околу пладне.
Под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.
– Исклучително тешка акција која ќе трае неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица во болница кои преживеаја, со тоа што состојбата на едното е доста сериозна. Имаме контакт со две лица кои се под урнатините – изјави Дачиќ.
Тој откри дека се комуницира со две лица кои се наоѓаат под урнатините, од кои едното е 14-годишно девојче.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изрази големо жалење за трагедијата.
– Изразувам големо жалење што оваа трагедија се случи во Нови Сад. Градските служби во полн капацитет им се ставени на располагање на надлежните државни служби. Согласно сите процедури, откако истражните органи ќе ја завршат истрагата, ќе информираме Јавноста за понатамошните чекори. Градот е во постојан контакт со надлежните органи и ќе ги преземе сите неопходни чекори. Во овој момент целото наше внимание е насочено кон пружање помош на сите погодени од оваа несреќа.
Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска пропадна, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).
Објектот беше свечено отворен на 5 јули годинава.
Српската државна телевизија РТС јави дека на речиси секои пет минути Брзата помош носи повредени во Клиничкиот центар.
Кон местото на несреќата се упати и српскиот претсеател Александар Вучиќ.
Јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад води истрага заедно со полицијата, надлежните инспектори и други служби на зградата на железничката станица каде се урна натстрешницата.
View this post on Instagram
Rekonstruisana železnička stanica u Novom Sadu!
Ovo je katastrofa i tragedija za koju verovatno niko nikada neće odgovarati.
📹 Ig serbialive/novi sad pic.twitter.com/DX6bdB14lv— Lodger Limansky (@paratzelzius) November 1, 2024
View this post on Instagram