ИЗРЕШЕТАНИ ДВЕ ВОЗИЛА И КУЌА ВО ЧАИР Нема жртви и повредени во вчерашното пукање

Од полицијата информираат дека нема повредени во инцидентот и дека е предизвикана само материјална штета.

2,395

Вчеравечер со автоматска пушка било пукано на подрачјето на Бит Пазар, при што се оштетени две возила и прозорци на куќа.

Според информациите на полицијата за Плусинфо, случајот бил пријавен во 22:55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.






„Возилата Фолксваген Артеон и Фолксваген Пасат со скопски регистарски ознаки, се во сопственост на 40-годишниот А.С. од Скопје. Исто така, биле оштетени прозорците и од соседната куќа, сопственост на 35-годишниот Џ.Л. На местото на инцидентот нема повредени лица“, велат од полицијата за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека е извршена увидна постапка од екипа на СВР Скопје, која подигнала чаури и ги предала за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини