📽️ ТУРЦИЈА ЖЕСТОКО ГИ НАПАЃА КУРДИТЕ Ердоган продолжува со одмаздата за нападот во Анкара, уништени се 120 цели

Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) погодила 120 цели на терористичката група ПКК/ЈПГ, соопштија безбедносни извори.

624

Турските разузнавачи уништија 120 курдски цели на ПКК/ЈПГ по терористичкиот напад во Анкара. Операциите следеа по терористичкиот напад на ПКК во средата врз објект на одбранбената авијација во Анкара, при што загинаа 5 лица, а 22 лица беа повредени.

Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) погодила 120 цели на терористичката група ПКК/ЈПГ, соопштија безбедносни извори.






Операциите на МИТ ќе продолжат непречено се додека не се постигнат планираните цели против терористичката група, додаваат изворите.

 

Операциите уследија откако пет лица беа убиени, а 22 повредени во терористички напад на ПКК врз седиштето на Турската воздушна индустрија (ТАИ) во главниот град Анкара во средата.

 

Според турската новинска агенција Анадолу, во својата 40-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која Турција, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.

Поврзани содржини