ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ГО ЗАСТРЕЛА СВОЕТО БРАТЧЕ ВО САД Трагедија се случила на паркинг во Сан Антонио

Едно од постарите деца се фати за наполнет пиштол што беше во задниот дел од возилото и случајно го повлече чкрапалото. Најмалото дете беше застрелано. Ова е страшна трагедија, изјави началникот на полицијата на Сан Антотнио.

295

Голема трагедија се случи во понеделникот во САД кога тригодишно дете уби 10-месечно бебе откако пукало од наполнет пиштол. Бебето му било братче.

Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека во возилото имало три деца и една жена. Деца на возраст од 3 и 2 години и 10-месечно бебе биле во задниот дел на возилото, рече тој.






– Едно од постарите деца се фати за наполнет пиштол што беше во задниот дел од возилото и случајно го повлече чкрапалото. Најмалото дете беше застрелано. Ова е страшна трагедија – рече Мекманус.

Детали за случајот не се објавени. Во тек е полициска истрага.

„Бебето беше застрелано и убиено од мало дете кое зеде наполнет пиштол додека беа во паркиран автомобил и го повлече чкрапалото“, соопшти полицијата, пренесе ABC.

Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.

 

Поврзани содржини