ПИЛОТ ПРИЈАВИЛ БОМБА ВО АВИОНОТ Принудно слетал во Црна Гора
Управата на црногорската полиција соопшти дека во авионот на полската авиокомпанија ЛОТ, по извршен увид не била пронајдена експлозивна направа.
Пилотот на националната полска авиокомпанија „ЛОТ Полиш ерлајнс“ попладнево пријавил во полицијата во Подгорица дека на летот има бомба. Набргу по дојавата, полициските сили, вклучително и антидиверзантската заштитна група, реагираа брзо и започнаа итна потрага по леталото.
„Сите патници се безбедни, а останатите операции засега се одвиваат непречено“, соопштија од аеродромската управа, пишува Вијести.ме.
Авионот кој летал од Варшава бил над Црна Гора кога капетанот ја известил Контролата на летање дека мора итно да слета на пистата на аеродромот во Подгорица.
„Сите други патници се безбедни, а останатите операции засега се одвиваат непречено. Контролата се врши според пропишаните процедури во синхронизирана акција на Полициската управа, аеродромот и другите служби“, се наведува во соопштението на полската авиокомпанија.
Управата на црногорската полиција соопшти дека во авионот на полската авиокомпанија ЛОТ, по извршен увид не била пронајдена експлозивна направа.