АДЕЛ ОДБИ 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ! На пејачката ѝ понудиле луда сума на пари, а таа не сакала ни да слушне

Најголем профит би остварила во Кина, каде сакале да ја вработат за настапи во казино во Макао, а концертите би биле слични на нејзината серија изведби „Weekends With Adele“ во Лас Вегас.

881

Пејачката Адел ја одби најголемата понуда во кариерата – 200 милиони долари за да ја продолжи турнејата, објави Дејли Мејл.

Најголем профит би остварила во Кина, каде сакале да ја вработат за настапи во казино во Макао, а концертите би биле слични на нејзината серија изведби „Weekends With Adele“ во Лас Вегас.






– Имаше многу понуди, но таа ги одби сите бидејќи сака да поминува време дома со своето дете. Понудата од Кина би ѝ донела милиони долари, но таа решила да не ја прифати. Приоритет ѝ е синот, нејзиниот партнер и нејзината сопствена благосостојба – изјави извор за Дејли Меjл.

Таа започна со концерти во Лас Вегас во ноември 2022 година, а последниот ќе го одржи на 23 ноември оваа година. Наводно за секое појавување заработувала по 500.000 фунти, а ќе бидат вкупно 100.

Да потсетиме, Адел неодамна откри дека се повлекува од музиката по завршувањето на музичкото шоу во ноември оваа година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

– Воопшто немам никакви планови за нова музика – изјави Адел во интервју за германски „ZDF“.

– Сакам голема пауза после сето ова и сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно? – изјавила пејачката.

Поврзани содржини