📽 „E, МАЛКУ ДА РАЗМИСЛУВАВ…“ Курти згреши математичка задача на табла

Да размислував подолго за тоа, ќе сфатев дека точниот одговор е x=0, но во тој случај, мислам дека немаше да имам храброст да ја земам кредата и да го напишам точното решение. Се извинувам, решението на таа равенка, како што знаете подобро од вашиот премиер, е x=0, заклучи Курти.

2,643

Косовскиот премиер погрешно реши математичка задача на табла во училиште на северистокот на Косово. Албин Курти пресмета дека одговорот е х=0, додека вистинскиот одговор беше х=5. „Да размислував малку повеќе, ќе сфатев“, напиша тој подоцна на Фејсбук, откако снимката се прошири на социјалните мрежи.

„Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Но, морам да кажам дека ми е мило што сега веќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, вели Курти.






Веста ја објави и „Политико“.

„Да размислував подолго за тоа, ќе сфатев дека точниот одговор е x=0, но во тој случај, мислам дека немаше да имам храброст да ја земам кредата и да го напишам точното решение. Се извинувам, решението на таа равенка, како што знаете подобро од вашиот премиер, е x=0“, заклучи Курти.

Поврзани содржини