📷 РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ, ДЕТСКА ИГРАЧКА ПРЕДИЗВИКА КАТАСТРОФА! За среќа трагедија е избегната, но автомобилот е уништен, еве што се случи

Фотографиите од несреќата подоцна беа објавени на Фејсбук од властите, а објавата сега е споделена и коментирана илјадници пати. Причината е што многу детски играчки содржат мали батерии во себе.

756

Ненадејно избувнал пожар во автомобил на семејство од САД – причината очигледно била детска книга која испушта звуци кога ќе се притиснат одредени копчиња.

По овој инцидент, пожарникарите сега јавно предупредуваат за играчки со мали, испразнети батерии. Тие под влијание на топлината можат да станат смртоносна опасност – пишува германски Билд.






Според информациите на „George Hildebran Fire & Rescue Department“ од Јужна Каролина (САД), спасувачите излегле да интервенираат минатиот викенд поради пожар во автомобил.

Мајката Дестини Вилијамс и нејзината ќерка Мисти штотуку пристигнале од црквата и излегле од возилото, но тогаш одеднаш почнал да извива чад. Само неколку секунди подоцна, детското седиште на задното седиште веќе било запалено!

Снаодниот сосед успеал да спречи понатамошна штета користејќи црево за вода пред да пристигне противпожарната служба. Портпаролот изјави:

„Утврдено е дека пожарот го предизвикала батерија која ја има во детска книга со копчиња, која била оставена во автомобилот под седиштето“.

Фотографиите од несреќата подоцна беа објавени на Фејсбук од властите, а објавата сега е споделена и коментирана илјадници пати. Причината е што многу детски играчки содржат мали батерии во себе.

Истражителите претпоставуваат дека батеријата во детската книга едноставно се прегреала поради високите температури.

Некои од овие батерии содржат литиум, запалив метал. Издавачот на „JJ’s Potty Time“ беше принуден да издаде јавна изјава. Во соопштението пишувало дека не користеле литиумски, туку алкални батерии.

„Искрено жал ни е за инцидентот, но среќни сме што нема повредени. Тесно соработуваме со локалните власти и експертите за да ја утврдиме причината за овој инцидент“, соопшти „Cottage Door Press“.

Мајката Дестини Вилијамс изјави за локалната ТВ станица WSOC:

„Едноставно сум многу шокирана што вакво нешто може да се случи, но исто така сум благодарна што Мисти не беше таму“.

Поврзани содржини