ПЛАНИРАЛЕ ДА УБИЈАТ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ Заменик директорот на ЦИА проговори за откажаниот концерт на Тејлор Свифт во Виена
Австриските власти тврдат дека главниот осомничен, 19-годишен Австриец, бил инспириран од Исламската држава. Тој, наводно, планирал да изврши напад со нож или рачно изработен експлозив надвор од стадионот, каде што се очекувало да се соберат повеќе од 30.000 луѓе. Во тоа време внатре во стадионот требаше да има уште 65.000 посетители.
Осомничените кои го планирале нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена имале намера да убијат десетици илјади луѓе, изјави заменик директорот на ЦИА, Дејвид Коен. Тој се осврна на неуспешниот терористички заговор за време на самитот за разузнавање и национална безбедност одржан оваа недела во Мериленд.
– Тие планирале да убијат огромен број луѓе на тој концерт, десетици илјади, меѓу кои сигурно ќе имало многу Американци. Имале детален план – изјави вчера Коен и додаде:
– Австријците можеа да ги уапсат бидејќи ЦИА и нашите разузнавачки партнери им дадоа информации за тоа што планира оваа група поврзана со ИСИС.
Австриските власти тврдат дека главниот осомничен, 19-годишен Австриец, бил инспириран од Исламската држава. Тој, наводно, планирал да изврши напад со нож или рачно изработен експлозив надвор од стадионот, каде што се очекувало да се соберат повеќе од 30.000 луѓе. Во тоа време внатре во стадионот требаше да има уште 65.000 посетители.
При претресот на куќата на осомничениот, истражителите пронашле хемикалии и направи со кои тој планирал да го изврши нападот.
Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека им е потребна помош од други разузнавачки агенции бидејќи австриските истражители, за разлика од некои странски служби, не можат законски да ги следат СМС пораките.
Адвокатот на 19-годишното момче, сепак, тврди дека обвиненијата се претерани и дека австриските власти го преувеличувале случајот за да добијат нови овластувања во поглед на надзорот.
Главниот осомничен заедно со 17-годишник беа приведени на 6 август, ден пред да биде објавено дека концертот ќе биде откажан. Третоосомничениот (18) е уапсен на 8 август. Нивните имиња не се објавени поради австриските закони за приватност.
ЧУВСТВУВАМ ВИНА И СТРАВ Тејлор Свифт за првпат проговори за откажаниот концерт во Виена