ПЛАТЕТЕ СИ БИЛЕТ КОГА СЕ ВОЗИТЕ ВО ЈСП Дали директорот открива дека граѓаните често се шверцуваат?!
Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети. Дали се бесплатни или платени мора да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет - рече Кушовски.
За да стигнеме до самоодржливост мора институциите да ни излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење тековно да можеме да ги сервисираме нашите обврски, вели директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Драги Кушовски во интервју за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре.
Кушовски додава дека ЈСП има обврски, но и свои побарувања од институции и од приватни компании, кои треба да се плаќаат редовно за да може претпријатието да функционира.
– ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании. Треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат зголемени – рече Кушовски.
Тој апелира до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.
– Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето, а оние кои што имаат билети да ги валидираат. Дали се бесплатни или платени мора да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет – рече Кушовски.