ОТКАЖAН УШТЕ ЕДЕН НАСТАП НА АЦА ЛУКАС Здравствената состојба на фолкерот не е подобрена, се огласија од клубот
Српскиот фолк пејач Аца Лукас пред три дена итно беше примен во Ургентниот центар.
Српскиот фолк пејач Аца Лукас пред три дена итно беше примен во Ургентниот центар.
Неговата здравствена состојба сè уште не е подобрена, па морал да ги откаже сите претстојни концерти.
Имено, фолкерот вчера имал закажан настап во клуб во Црна Гора, а истиот бил откажан поради лошата здравствената состојба на Лукас.
– Ве известуваме дека концертот на Аце Лукас, кој беше закажан за 31.07.2024 г. е откажан поради здравствени причини на изведувачот. Одлуката за откажување не е донесена лесно, но приоритет е безбедноста и благосостојбата на пејачот – се вели во соопштението на клубот.
Инаку, по повод здравствената состојба на Аца Лукас и откажувањето на неговите концерти се огласи неговиот менаџер Саша Мирковиќ.
– Во следните денови ќе бидат откажани или одложени концерти поради здравствената состојба на Лукас. Сите со нетрпение го очекуваме неговото брзо закрепнување и продолжувањето на турнејата. За да не се шпекулира, станува збор за висока температура предизвикана од силна настинка, бидејќи Аца во претходните 60 дена имаше над 30 настапи и му падна имунитетот – напиша на својот инстаграм-профил Саша Мирковиќ, кој е воедно и менаџер на Лукас.