„АЕРОДРОМ КАКО ДА Е ЗАБОРАВЕНА ОД КОМУНАЛНА“ Митевски не сака да верува дека директорот и Арсовска ја саботираат општината

Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.

1,446

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески признава дека неговата општина има проблем со нечистотијата но оти не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги празни контејнерите и просторот околу нив.

Митески вели дека интензивно работат на овој проблем.






– Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии – објави Митески во интервјуто за Република.

Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.

– Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто – додава Митески.

 

Поврзани содржини