ДОШОЛ ГОЛ НА КАСА ДА ПЛАТИ Скопјанец нападнал продавачка во Драчево
Против насилникот од Драчево е поднесена кривична пријава за разбојничка кражба и сексуално вознемирување.
Продавачка во продажен објект во Драчево било нападната и сексуално вознемирувана од 32-годишен скопјанец. Пријавениот физички ја нападнал продавачката, одзел производи, па потоа се вратил гол да плати.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба” и „полово вознемирување”. На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите. Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода“ – стои во извесувањето од МВР.