КРЕШИМИР ЌЕ СИ ЛЕЖИ ЗАТВОР 50 ГОДИНИ? Жителите на Дарувар се во голема болка, 24 јули е прогласен за Ден на жалост

Државното правобранителство побара истражен затвор за 51-годишниот осомничен, Крешмир П., поради тешките околности на делото и поради страв дека нема да го повтори делото.

257

Шест лица загинаа во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар. На убиецот од Дарувар му се заканува максимална казна затвор од 50 години, објави порталот Н1.

Пензионираниот воен полицаец Крешимир П. (51) e човекот кој во понеделникот малку по 10 часот убил 5 лица во домот за стари и изнемоштени лица „Виани“ на улицата Мажураниќева во Дарувар, а уште неколку ранил. Една од жртвите била неговата мајка.  Во болница починало уште едно лице од повредените.






Државното правобранителство побара истражен затвор за 51-годишниот осомничен поради тешките околности на делото и поради страв дека нема да го повтори делото.

Градот Дарувар одлучи да ја прогласи среда 24 јули за Ден на жалост.

Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на знамето на Република Хрватска и на градот Дарувар на половина копје, на зградата на градската управа на Дарувар, на зградите на институциите на подрачјето на градот Дарувар и на зградите на други институции, здруженија и клубови.

ПРВО ЈА ЧЕСТЕЛ ЦЕЛАТА КАФЕАНА, А ПОТОА ПУКАЛ И УБИВАЛ Полека се склопува приказната за крвавиот пир на Крешимир во Дарувар

Поврзани содржини