📽️ РУСКИ БОМБИ УБИЈА 17 ЛИЦА ВО ЗАПОРОЖЈЕ Спасувачите трагаат по можни преживеани

Украинските власти соопштија дека во нападот биле фрлени пет наведувани воздушни бомби. Осумнаесет лица се повредени, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по можни преживеани.

0

Најмалку 17 лица, меѓу кои три деца, загинаа во руски воздушен напад врз украинскиот град Запорожје, а 18 се повредени. Руската армија фрлила пет наведувани воздушни бомби врз станбени згради, соопштија украинските власти.

Бројот на загинати првично изнесувал 12, но подоцна се искачил на 17, според податоците на украинската Државна служба за вонредни ситуации. Спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат погодените објекти и да трагаат по можни преживеани.

 






Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека нападот се случил во текот на ноќта. Во објава на Фејсбук тој ја осуди руската акција и ја поврза со одлуката за укинување на санкциите за извоз на дизел.

„Денес, Русија се заблагодари за укинувањето на санкциите за извоз на дизел со фрлање пет наведувани воздушни бомби врз станбени згради во Запорожје“, напиша Зеленски во првичната реакција, кога биле потврдени 12 загинати, меѓу кои три деца.

 

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и нивните најблиски. Според неговите информации, меѓу повредените имало и лица во сериозна состојба, за чии животи се бореле лекарите.

 

Украинските власти соопштија дека се проверуваат информациите за уште 12 лица кои можеби се наоѓале на местото на нападот. Надлежните служби се на терен, а потрагата и спасувачките операции продолжуваат.

Во Запорожје, недела, 11 октомври, е прогласена за Ден на жалост во чест на загинатите во нападот.

Поврзани содржини