„ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА“ ЌЕ ГО ЗАТВОРИ СКОПЈЕ Еве од колку часот да го избегнувате центарот на градот
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Утре од 17 часот ќе започне „Парадата на гордоста“ па поради тоа од МВР информираат за посебен режим на движење, бидејќи ќе биде затворен центарот на Скопје.
„На 22.06.2024(сабота) во 17.00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15.00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје“, велат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.