Екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје на барање на Град Скопје поради отстранување на „диви продавачи на булеварот Крсте Мисирков, подигнаа 5 метри кубни мешан комунален отпад и отпад од пакување. И покрај брзата реакција на екипите, повторно е забележано исфрлање на отпад на истата локација.
Во текот на денешниот ден повторно е подигнат и транспортиран отпад составен од мешан комунален отпад и отпад од пакување во количина од 15 м3 кој бил одложен покрај контејнерите.
ЈП Комунална хигиена Скопје апелира отпадот да се исфрла во контејнерите наменети за комунален отпад, а не на јавните или на сообраќајните површини со што се оневозможува редовното метење и миење на тротоарите и движењето на пешаците.
Еко патролата на ЈПКХС во соработка со градските инспекциски служби ќе продолжи да врши надзор и едукација на споменатите микролокации.