📽️ НОВИ ВОЗИЛА ЗА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ВО СКОПЈЕ Ѓорѓиевски најави дека наскоро пристигнуваат и 3.300 нови контејнери

Специјализираните возила веќе се предадени на Град Скопје, а по завршувањето на правните процедури треба да излезат на терен. До крајот на неделава се очекува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери.

123

Специјализираните возила наменети за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на Град Скопје, а по завршувањето на правните процедури во наредните денови треба да бидат ставени во функција, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави и дека до крајот на неделава треба да пристигне првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, што, според него, е најголемата досегашна набавка.






– Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот оцени дека Скопје предолго трпело поради, како што наведе, неодговорноста и неажурноста на претходните градски власти.

– На таа запуштеност ѝ ставаме крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град – порача Ѓорѓиевски.

Новите возила и контејнерите се дел од најавите на градската власт за подобрување на состојбата со одржувањето на јавната чистота во Скопје.

Поврзани содржини