Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од Скопје известува дека денеска нема да се изврши планираната санација на иградата на мостот Близнак во Ново Лисиче.
„Планираните активности за санација на заштитната ограда на мостот, кои беа предвидени за денеска, 8.10.2026 година, се одложуваат. За новиот термин на реализација на активностите ќе бидете навремено информирани“, соопшти преторијатието.
Претходно претпријатието најави дека денеска ќе врши санација на оштетената заштитна ограда на мостот на булеварот Киро Глигоров, во периодот од 13 до 15 часот, на потегот од ракрсницата со улицата Индустриска до онаа со булеварот АСНОМ и дека сообраќајот на двете коловозни ленти ќе биде затворен.