📷 ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО КАРПОШ СТАНУВА МЕГА-ПАРК ОД 86.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ Привршуваат активностите на мостот на Љубљанска

Просторот е исчистен од наталожениот отпад и се носи чиста земја. Ѓорѓиевски најавува ново зеленило и урбана опрема на површина од 86.000 квадратни метри.

100

Просторот е исчистен од наталожениот отпад и се носи чиста земја. Ѓорѓиевски најавува ново зеленило и урбана опрема на површина од 86.000 квадратни метри.

Дива депонија во Карпош, на која со години се натрупувал отпад и се палеле кабли, се уредува во мега-парк од 86.000 квадратни метри. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го посети просторот и најави зеленило, детски катчиња, повеќенаменски игралишта, урбана опрема и сопствена хидрантска мрежа.






Депонијата веќе е исчистена, а отстранет е и слојот од теренот на кој со години се таложел отпад. На локацијата сега се носи чиста земја и се подготвува теренот за уредување.

„Токму ова место со години беше огромна дива депонија, слика што потсетуваше на Вардариште“, објави Ѓорѓиевски.

Тој тврди дека на локацијата се натрупувал отпад, се палеле кабли и се ширел чад, а за состојбата ги обвини поранешните градски власти.

„Граѓаните предолго ги трпеа последиците од таквата негрижа. На тоа му ставаме крај“, порача скопскиот градоначалник.

Според најавата, паркот ќе се простира на 86.000 квадратни метри и ќе биде наменет за одмор и рекреација на повеќе генерации.

„Со нова урбана опрема, детски катчиња, повеќенаменски игралишта, зеленило и сопствена хидрантска мрежа, Карпош добива простор во кој детската игра, спортот и семејните прошетки ќе станат дел од секојдневието“, наведе Ѓорѓиевски.

Посетата на Карпош ја реализирал заедно со градоначалникот на општината Сотир Лукровски. Двајцата разговарале и со општинските служби за проектите што треба да се реализираат со поддршка од Град Скопје.

Ѓорѓиевски присуствувал и на доделувањето признанија за најуспешните ученици од Карпош.

„Договоривме јасни приоритети за следниот период, зад кои Град Скопје ќе застане со силна поддршка и конкретни активности“, објави тој.

Во рамките на посетата бил разгледан и напредокот на другите проекти во општината. Меѓу нив е и мостот на улицата Љубљанска, каде што привршуваат градежните активности за негово пуштање во употреба.

Поврзани содржини