ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието го додели Министерството за култура и туризам

Министерството за култура и туризам му го додели признанието на Limak Skopje Luxury Hotel во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“. Хотелот годинава го доби и Traveller Review Award, а е меѓу највисоко оценетите на Booking.com.

90

Limak Skopje Luxury Hotel е прогласен за „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“, во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“.

„Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата ‘Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година’ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel“, се вели во соопштението на хотелот.






Признанието, кое го доделува Министерството за култура и туризам во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“, по повод Светскиот ден на туризмот, на претставниците на Limak им го врачи министерот за култура и туризам на земјава, Седат Сулејмани, на свеченоста одржана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Наградата, која има долгогодишна традиција, е признание што Министерството за култура и туризам го доделува за придонес кон унапредувањето на туристичката понуда и квалитетот на услугите во туризмот.

За Limak Skopje Luxury Hotel, таа е потврда за резултатите во секојдневната работа, од квалитетот на услугата и професионалноста на тимот, до начинот на кој одговара на сè поголемите очекувања на своите гости.

„Во година во која Скопје и натаму се позиционира како дестинација за деловни патувања, значајни конференции и големи настани, признанието од Министерството за култура и туризам е важна потврда за местото што хотелот го има во туристичката понуда на главниот град“, се вели во написот.

Поставен во централното градско подрачје, Limak Skopje Luxury Hotel е дел од современиот урбан пејзаж, а неговата локација и архитектурата му даваат посебно место на хотелската и угостителската сцена во земјава.

– Ова признание за нас има голема вредност затоа што доаѓа како резултат на работата на нашиот тим кој секојдневно се грижи Limak Skopje Luxury Hotel да ја оправда довербата од своите посетители. Во хотелиерството, квалитетот се гледа во деталите, почнувајќи од услугата, вниманието кон гостинот, начинот на кој тимот реагира, но и во чувството со кое гостинот го напушта хотелот. Горди сме што трудот на нашиот тим е препознаен и од институцијата што го следи развојот на туризмот во земјата. Ова признание за нас е потврда за постигнатото, но и мотив да продолжиме да инвестираме во уште повисоки стандарди – изјави Санџак Курт, генерален директор на Limak Skopje.

Фото: Limak Skopje Luxury Hotel

„Признанието од Министерството за култура и туризам добива дополнителна тежина ако се земат предвид и впечатоците на самите гости. Limak Skopje Luxury Hotel е меѓу највисоко оценетите хотели на Booking.com. Особено се издвојува по локацијата, удобноста, чистотата и професионалноста на персоналот, а во 2026 година го доби и признанието Traveller Review Award“, велат од хотелот.

Со 146 соби, ресторан, лоби бар, скај бар, спа и фитнес центар, како и современи простори за конференции и настани, Limak Skopje Luxury Hotel е дизајниран да одговори на различни потреби, и за кратки престои и деловни патувања, но и за големи корпоративни и приватни настани.

– Најголемата вредност на едно хотелско признание е кога зад него стои искуството на оние што престојувале во хотелот. Нашата работа е секој гостин, без разлика дали доаѓа на една ноќ, на деловен состанок, на конференција или на подолг престој, да почувствува дека вниманието кон него е искрено и професионално. Затоа ова признание го споделуваме со целиот тим на Limak Skopje Luxury Hotel. Тоа е нивна награда исто колку што е и наша, бидејќи токму луѓето се тие што го претвораат хотелот во искуство – изјави Ѓокан Рамазаноглу, генерален директор на Limak Skopje Luxury Hotel.

За Limak Skopje Luxury Hotel, признанието „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ е потврда за досегашната работа, но и поттик за понатаму, велат од хотелот.

Хотелот порачува дека со истото внимание кон услугата и гостите, ќе продолжи да го гради своето место меѓу значајните хотелски имиња во главниот град.

Поврзани содржини