РУСИЈА И КИНА ВЕЖБАЛЕ ВНЕСУВАЊЕ ЧУМА И „БОЛЕСТ ИКС“ Вежбата се одржала еден месец пред случајот со чума во Иркутск

На вежбата учествувал и Сергеј Балахонов, директорот на научно-истражувачкиот институт против чума во Иркутск - истиот институт во кој работела 28-годишната Дарија Шипилова, која почина на 2 октомври од пневмонија со засега неутврдена причина.

258

Само нешто повеќе од еден месец пред смртта на 28-годишната вработена во Институтот против чума во Иркутск, Русија и Кина одржале голема заедничка вежба за реакција на прекугранични заразни болести. Вежбата се одржала од 24 до 27 август 2026 година во Фујуан, кинески град во провинцијата Хејлунџијанг, на границата со Русија. Учествувале повеќе од 300 здравствени и епидемиолошки работници, 19 специјализирани тимови од североисточна Кина и експерти од руските здравствени служби од Далечниот Исток.

Вежбата имала три главни сценарија. Првото било појава на нова, непозната крлежно пренослива „болест икс“. Кинеските екипи симулирале откривање на крлежи во ризична област, земање примероци, лабораториско испитување и, бидејќи станува збор за непознат причинител, користење метагеномско секвенционирање за да се открие неговото потекло. Истовремено се вежбале дезинфекција, епидемиолошко следење и проценка на ризикот од ширење преку границата.






Второто сценарио е особено интересно во контекст на актуелниот случај во Иркутск. Русите и Кинезите вежбале внесување на бубонска чума од странство и прекугранично справување со епидемија. Во сценариото кинеските и руските експерти требало да разменуваат информации за појавата, да го идентификуваат причинителот, да направат заедничка проценка на ризикот и да договорат мерки за спречување на ширењето. Биле предвидени и мобилни противепидемиски лаборатории и координирано носење одлуки.

Третото сценарио било голема поплава, по која требало да се спроведе санитарна заштита и итна медицинска помош.

Се работи за поширока вежба за различни прекугранични биолошки и здравствени ризици. Рускиот Роспотребнадзор експлицитно наведе дека целта била да се тестира механизмот за брзо распоредување мобилни лаборатории, размена на информации и за координирана реакција меѓу двете земји.

На вежбата учествувал и Сергеј Балахонов, директорот на научно-истражувачкиот институт против чума во Иркутск – истиот институт во кој работела 28-годишната Дарија Шипилова, која почина на 2 октомври од пневмонија со засега неутврдена причина. Кинеските извори потврдуваат дека Балахонов бил меѓу официјалните учесници и говорници на августовската вежба.

Според локалните медиуми, Шипилова се разболела од чума откако претходно во инстутутот се скршила епрувета со биолоки материјал, по што три болници и над 200 луѓе се ставени во карантин.

Русија досега официјално не потврди дека жената имала чума, а кај нејзините контакти досега не е пронајден причинител на чума.

По избувнувањето на сомнежите околу случајот во Иркутск, Кина официјално потврди дека има тесна комуникација со Русија за заразните болести, вклучително и за чумата. Кинеското Министерство за надворешни работи на 6 октомври соопшти дека двете земји одржуваат тесна комуникација и соработка во превенцијата и контролата на заразните болести.

Руско-кинеската граница е долга, постои природен ризик од чума и други инфекции, а двете земји сакаат да знаат како да реагираат ако некое заболување ја премине границата.

САД СО ДЕМАРШ БАРААТ ИТЕН ОДГОВОР ОД РУСИЈА ЗА МОЖНАТА ПОЈАВА НА ЧУМА „Русите ќе го направат она што го направија Кинезите со ковид“

Поврзани содржини