УШТЕ ДВА СОНЧЕВИ ДЕНА, ПА ПРЕСВРТ Од петок дожд, за викенд се можни поројни врнежи

Во следните два дена утрата ќе се задржат постудени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

0

Времето во среда, 7 октомври, ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

 

Tемпературите ќе бидат во интервал од 4 до 28 степени.






Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец.

Во следните два дена утрата ќе се задржат постудени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните без поголема промена. Од понеделник ќе има стабилизирање на времето.

Поврзани содржини