„НЕМА МИР ДОДЕКА НЕ СЕ УНИШТИ ХАМАС“ Нетанјаху бара Газа да не биде закана за Израел

246

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има траен прекин на огнот во Газа додека не се уништат воените и управувачките способности на Хамас.

Ова е втора изјава на Нетанјаху објавена откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека предложил план од три фази за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување заложници од страна на Хамас.






– Условите на Израел за завршување на војната не се променети: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел. Израел ќе продолжи да инсистира да се исполнат овие услови пред да се воспостави траен прекин на огнот. Идејата дека Израел ќе се согласи на траен прекин на огнот пред да се исполнат овие услови е исклучена – рече Нетанјаху.

Поврзани содржини