„И ИРАН ИМА НЕЗАВРШЕНА РАБОТА СО ИЗРАЕЛ“ Арагчи со предупредување до Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја влече Америка во уште една војна за да не оди во затвор, без разлика на последиците за Израел, а да не го спомнуваме претседателот на САД, објави шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, одговори на антииранската реторика на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Иран исто така има „незавршена работа“ со Израел, објави иранската агенција ИРНА.
„Последниот пат кога сакавте да ја ’завршите работата’, Иран излезе уште посилен. Дали сакате повторно да си ја пробате среќата? Ајде. Но, бидете внимателни – и ние имаме недовршена работа“, напиша Арагчи на својот профил на Икс.
„Нетанјаху ја влече Америка во уште една војна за да не оди во затвор, без разлика на последиците за Израел, а да не го спомнуваме претседателот на САД“, додаде тој.