„ПЛАТЕТЕ ПИВО, ПА ЌЕ ЈА КАЖАМ ВИСТИНАТА ЗА ДАНКА“ На таткото на Срѓан му е дојдено до шега
Таткото на Срѓан, Душан, сѐ уште мисли дека тоа било наместено и дека неговиот син не е виновен, рекла една мештанка.
Во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Заечар, беа сослушани сведоци кои се познаници, пријатели и колеги на Срѓан Јанковиќ и на Дејан Драгијевиќ од селото Лука кај Бор.
Душан Јанковиќ, таткото на второосомничениот за убиството на 2-годишната Данка Илиќ од Бор, Срѓан Јанковиќ, го искористи правото да не сведочи за случајот пред обвинителот во Заечар. Tој, како и Светлана, мајката на Дејан Драгијевиќ, во средата одбил да даде изјава во обвинителството.
Сепак, само неколкумина мештани се осмелуваат да кажат дека Срѓан, ако навистина направил кривично дело, треба да биде затворен до крајот на животот. Други, пак, мислат дека никој за ништо не може да се обвини додека не се најде телото на детето.
– Таткото на Срѓан, Душан, сѐ уште мисли дека тоа било наместено и дека неговиот син не е виновен. Се однесува нормално, секој ден доаѓа во градината, бере трева за стоката, но и седи пред селската кафеана и пие пиво. Како да не станува збор за мало дете чии родители сѐ уште не знаат ништо за тоа како настрадало и каде е неговото тело – рекла една мештанка.
Според неа, Душан понекогаш се шегува.
– Наводно знаел да каже „Кој ќе плати пиво ќе му ја кажам вистината“. Нему му е шега… Сето ова фрли дамка на целото село – згрозена изјави една постара жена од Лука.
Несреќното девојче беше убиено на 26 март годинава, а во притвор се Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, а за помагање во делото е осомничен Радослав Драгијевиќ.
Телото на детето до денес не е пронајдено.
ТАТКОТО НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОДБИ ДА СВЕДОЧИ Душан е привилегиран сведок