ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА ЗЛАТОТО И НА НАФТАТА Европските берзански индекси во пораст
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06658, што е приближно исто како и во петокот.
Цената на суровата нафта на берзите утрово падна на 80.896 долари, а нафтата од типот „брент“ се продава за 85.948 долари. Падна и цената на златото, но европските берзански индекси се во пораст.
Цената на златото падна на 2.356,52 долари за унца.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 30.250 евра за мегават-час.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:00 часот порасна на 17.876,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.069,26 поени, лондонски FTSE 100 на 7.986,75 поени, а московскиот MOEX на 3.467,83 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 37.986,40 поени пред денешното отворање на пазарот, додека S&P 500 индексот падна на 4.967,23 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 15.282,01 поени.
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06658, што е приближно исто како и во петокот.