КРИЗНАТА СОСТОЈБА ЗА НАФТАТА Е ПРОДОЛЖЕНА ДО 20 АПРИЛ 2027 ГОДИНА Собранието го прифати образложението на владата

Владата првпат прогласи кризна состојба на 21 април 2026 година поради ризиците и глобалните тензии (особено на Блискиот Исток) кои можат да предизвикаат нарушувања на пазарот на енергенси.

2

Собранието денеска одлучи да ја продолжи кризната состојба на барање на владата за уште шест месеци поради можноста за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година.






Цел на ова продолжување, според владата, е да се обезбеди стабилност и механизми за брза реакција во случај на непредвидени прекини или шокови во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата.

Од Владата посочуваат дека доколку дојде до трајна деескалација и стабилизирање на меѓународните пазари, кризната состојба може да биде прекината и пред април 2027 година.

Ова е трето продолжување на кризната состојба за снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Владата прогласи кризна состојба на 21 април 2026 година поради ризиците и глобалните тензии (особено на Блискиот Исток) кои можат да предизвикаат нарушувања на пазарот на енергенси. По првичното воведување, Собранието на барање на Владата, ја продолжи двапати по три месеци (прво до 20 јули, а потоа до 20 октомври 2026 година).

Според закон владата може да прогласи кризна состојба во траење од еден месец, а за подолго траење треба да одлучи Собранието.

Поврзани содржини