ШОК ВО БЕЛГРАД Водителка на ТВ Пинк пронајдена мртва
Неофицијално, итната помош констатирала смрт околу 19 часот, а телото на познатата водителка Бојана Јанковиќ е пренесено на Институтот за судска медицина во Белград.
Водителката Бојана Јанковиќ, која се прослави како водителка на култното шоу „Сити“ на ТВ Пинк, е пронајдена мртва во стан во Белград, пишува српски Блиц.
За нејзината смрт било известено Вишото јавно обвинителство во Белград кое наредило обдукција.
Неофицијално, итната помош констатирала смрт околу 19 часот, а телото на познатата водителка е пренесено на Институтот за судска медицина во Белград.
Бојана Јанковиќ беше во брак со музичарот Огњен Јанковиќ од „Београдски синдикат“ со кого има две деца. Двојката се разведе по 15 години брак.
– Сѐ уште чекам потврда, не можам засега ништо да ви кажам – кратко изјавил тој.
Бојана се прослави на ТВ-екраните заедно со нејзината сестра близначка Ивана. Своевремено учествуваше и во реалното шоу „Големиот брат“.