„СДСМ И ДУИ ГИ ЗАБОРАВИЈА ГРАЃАНИТЕ НА ШУТО ОРИЗАРИ“ Затоа ќе гласаат за промени и за Силјановска Давкова, вели Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ
„Граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и на ДУИ. Ветуваа живот за сите, подобар живот за младите, но младите како и возрасните поради лошите услови за живот и невработеноста се иселуваат и среќата ја бараат надвор од Македонија!“
Ова го напиша на Фејбсук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој бил на средба со граѓаните на Шуто Оризари.
„Затоа тука граѓаните се цврсто решени дека се потребни промени. И драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени и подобра иднина. Сите заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова“, пишува во неговата објава на Фејсбук.